Од РК Вардар предмалку објавија дека се пуштени во продажба билетите за претстојниот дуел од домашниот шампионат против Е.Пелистер, кој што се игра во салата Јане Сандански на 1 октомври во 19:00 часот.
Билетите стандардно ќе се продаваат на билетарницата на салата, секој работен ден од 10 до 18 часот (почнувајќи од четврток 25 септeмври).
Цените на билетите се: Блок А2, А3, А5 и А6 – цена – 300 денари, Блок 1, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16 – цена – 250 денари.