Гарабаја: Моравме посилно да се браниме, тоа го сфативме, но веќе беше доцна

121

Пелистер не успеа да дојде до втората победа во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак на домашен терен, пред полни трибини беше поразен од ГОГ Гудме со 28-31. Овој меч требаше да биде круна на прославата по повод 40. роденден на „Чкембари“.

Тренерот на Пелистер, Рубен Гарабаја беше видливо разочаран од поразот и играта на неговите момци бидејќи очекувал да се спроведе многу повеќе од она што прикажаа на теренот.

„Можевме да видиме три натпревари во еден. Тргнавме многу добро, ги следевме тактичките замисли на почетокот и тоа работеше добро. Потоа тие ја сменија играта, го сменија нападот, тргнаа да  директно „еден на еден“ и кога играа „седум на шест“. Долго време ни требаше да се навикнеме на таквата игра. Ги заборавивме нашите тактички движења, моравме посилно да се браниме, но кога го сфативме тоа, веќе беше доцна. Имаме два натпревари до следниот меч во Лигата на шампионите. Сепак, не можеме да запреме бидејќи имаме два тешки домашни меча. Жалам што имаме неколку врзани многу важни средби во Суперлигата, ама таков е календарот“, изјави Гарабаја.

ПретходноЃоковиќ со емотивна порака по смртта на тенискиот татко
СледноПромашувањето на Тен Хег го чини Јунајтед над 40 милиони евра, на „Олд Трафорд“ сите се лути!