ЕХФ: Како да го запрете Жарко Пешевски – НИКАКО!

126

И натаму се сумираат впечатоци од вчерашната средба меѓу Пелистер и ГОГ Гудме во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. По одличниот старт во првото полувреме во кое актуелниот македонски првак имаше предност и од пет гола, следеше пад во играта, по што данскиот состав настапи на сцена и со цел плен си замина дома, победи со 28-31.

За Пелистер ова беше втор пораз, прв на домашен терен во Лигата на шампиони, а сите во тимот имаат зошто да жалат. Поддршката од трибините беше неверојатна.

ЕХФ издвои неколку моменти од оваа средба, а во центарот на вниманието се најде Жарко Пешевски кого навистина е тешко да се запре.

ПретходноМеси како во најдобрите денови – влезе во историјата на МЛС!
СледноЅвезда од Бундеслигата пишува бизарни пораки: „Не можеш да пиеш крава“