Во последните неколку години Реал Мадрид по обичај ангажира играчи на кои им е истечен договорот, како на пример Килијан Мбапе, Трент Александер – Арнолд, или пак ангажира млади таленти кои не ги плаќа повеќе од 40-50 милиони евра.
Јавна тајна дека “кралевите“ имаа намера да го ангажираат стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба. Неговиот договор со Арсенал истекуваше во јуни 2027 година, а Дон Флорентино Перез сакаше во јуни 2026 година да го ангажира за далеку помала сума.
Сепак на претседателот на Реал денешните вести од Лондон просто го шокирале откако дознал дека Салиба и Арсенал решиле соработката да ја продолжат до 2030 година. Тоа не значи дека Реал не може да го доведе одличниот дефанзивец, ама значи дека за тоа ќе треба да плати сигурно 100 милиони евра.
Ете затоа на Перез му се стемнило.