Фактот дека Нејмар во последно време не добива повик во репрезентацијата, а делумно и поради честите повреди, беше причина за дебата во тамошните фудбалски кругово дли треба селекторот Карло Анчелоти да смета на напаѓачот на Сантос или не во наредниот период.
Очекувано, имаше различни гледишта, мислења, а Луис Назарио да Лима Роналдо, застаната во одбрана на Нејмар:
“Тој е клучен играч за репрезентацијата. Искрено Бразил нема друг играч како него. Се надевам дека ќе биде 100% подготвен за настап на СП следното лето. Ако биде таму тогаш ќе имаме подобри резултати отколку ако не е. Во врска со повредите на Нејмар на секој кој играл фудбал му е јасно колку е тешко да се заздрави целосно од повреда и колку време му треба за да ја врати самодовербата“ истакна Роналдо.