Фарке: Доста правите суперѕвезди од помошни тренери

161
фото: Jacques (X)

Тренерот на Лидс Јунајтед, Даниел Фарке, смета дека е тешко да разбере зошто во моментов има толку голем фокус на тренерите кои во клубовите доаѓаат исклучиво да работат за подготовка на играта по прекини.

Во последниве години, сè поголем фокус се става токму на тој параметар и кој стои зад него. Најдобар пример за тоа е Николас Жовер, кој го направи Арсенал смртоносен по прекините. Францускиот тренер за прекини се смета за многу активен на аут-линијата кога Арсенал добива можност за прекин.

Но, тренерот на Лидс Јунајтед, Даниел Фарке, вели е малку збунет. Зошто одеднаш се е фокусирано на нив?

„Денес постои некој тренд на секој корнер да се прикажува името на тренерот за прекин и тој да навива ако тимот постигне гол, но јас не го разбирам тоа. Сепак, тоа треба да биде моја одговорност. Имаме тенденција повремено да создаваме суперѕвезди кои не треба да бидат во центарот на вниманието. Не критикувам ниту еден клуб, но навистина не го разбирам тоа. Имам повеќе доверба во оние кои ја работат напорната работа зад сцената“, рече Даниел Фарке.

ПретходноЛиверпул издал повеќе од 1000 доживотни забрани за влез на стадион
СледноГолот на Пешевски против ГОГ во ТОП 5 најдобри голови ова коло во ЛШ (ВИДЕО)