Трамп: Подготвен сум да одложувам и преместувам натпревари од СП 2026 година од безбедносни причини

61
фото: Football Tweet (X)

Американскиот претседател Доналд Трамп oбјави дека е подготвен, доколку е потребно, да ги премести натпреварите од Светското првенство во 2026 година од градовите што ги смета за небезбедни во други градови.

„Светското првенство ќе биде безбедно. Доколку утврдам дека не е безбедно да се играат натпревари во одредени градови, ќе ги преместиме во други градови“, изјави Трамп.

Меѓу градовите што ќе бидат домаќини на натпреварите се демократските упоришта како Лос Анџелес (осум закажани натпревари), Сан Франциско (шест натпревари) и Сиетл (шест натпревари). Администрацијата на Трамп ја распореди Националната гарда оваа година за да го одржи редот во некои градови управувани од демократите, вклучувајќи го и Лос Анџелес, и покрај противењето на локалните власти.

ПретходноПознати двојките за највредниот тениски турнир: Синер оди на Ѓоковиќ, Алкараз чека на Фриц или Зверев
СледноЛиверпул издал повеќе од 1000 доживотни забрани за влез на стадион