Џабе играа 79 минути: Блекбурн и Ипсвич ќе мора да почнат од почеток

100
фото: Second Tier podcast (X)

Натпреварот од англиската Чемпионшип лига кој во саботата меѓу Блекбурн и Ипсвич беше прекинат во 79-тата минута, ќе се одигра од почеток. Англиската фудбалска лига објави дека натпреварот нема да биде продолжен, туку ќе се игра од прва минута.

Блекбурн Роверс водеше со 1-0 дома против Ипсвич, кој имаше исклучен играч, во саботата кога двата тима се сретнаа во Чемпионшип. Во 79-тата минута, судијата одлучи да го прекине натпреварот бидејќи долго време врнеше силен дожд, што го отежнуваше продолжувањето на мечот. Англиската фудбалска лига во четврток објави дека натпреварот ќе биде преигран од почеток.

„Управниот одбор внимателно ги разгледа сите достапни опции во согласност со прописите, заедно со приговорите од двата клуба. Со мнозинство гласови беше одлучено натпреварот да се преигра во целост. Одлуката го следи неодамнешниот преседан во врска со откажаните натпревари и има за цел да го одржи интегритетот на лигашкото натпреварување, кое, доколку е можно, треба да се базира на целосен сет натпревари одиграни до крајот на колото“, се вели во соопштението на лигата.

ПретходноГаздите на Ливерпул ќе го купат и Хетафе?
СледноКол Палмер во „аут“ три недели