Еден од најдобрите играчи на Челзи, Кол Палмер ќе биде надвор од терените околу три недели, соопштија од клубот.
Тој има повреда, за која што е потребно мирување, а од клубот не сакаат истата да се влоши, па го ставаат на листата на која што реално никој не сака да биде.
Официјално, Палмер, ќе ги пропушти мечевите против Брајтон и Ливерпул во Премиер лигата и против Бенфика во Лигата на шампионите, а потоа следува репрезентативната пауза во октомври.
„Одлучивме малку да го заштитиме Кол за да не се влоши повредата. Решивме да му дадеме 2-3 недели одмор до репрезентативната пауза за да може да се опорави 100 проценти и да биде подготвен по паузата. Не мислам дека ќе му треба операција“, рече менаџерот на Челзи, Енцо Мареска.