Само во Турција…. Тедеско е „бивши“ во Фенер по само три недели!?

246

Италијанскиот стратег Доменико Тедеско може да си замине од клупата на Фенербахче по само три недели откако седна на неа. Јавноста во Турција е бесна поради лошата изведба на Фенер во Загреб, каде загуби од Динамо со 3:1, па сиот гнев е истурен врз тренерот.

Написите велат, дека Тедеско многу лесно може да биде сменет, а клучен за него меч е оној против Анталиаспор кој што Фенер го игра претстојниов викенд.

Тедеско како што е познато го замени Жозе Мурињо на клупата на Фенер, но како стојат работите може лесно да се случи да биде бивш за многу бргу.

 

ПретходноСкопје – домаќин на претсезонскиот семинар за кошаркарски судии, делегати и контролори 2025/2026
СледноОфицијално: Финската сензација потпиша тригодишен договор со Партизан! (ФОТО)