Нема крај на маките на тимот на Манчестер Јунајтед, кој со години ниту може да се справи со лошите игри, резултати и форма, ниту пак очигледно има визија како до тоа да стигне во иднина.
На стартот на викенд програмата во Премиер лигата, Манчестер попладнево гостуваше кај Брендфорд, а домашниот триумф од 3:1 веќе никого не го изненадува.
По само осум минути игра бразилецот Игор Тиаго успеа да му донесе водство на домашните од 1:0, а ако пак тоа не беше доволно, истиот играч во 20.минута зголеми на 2:0.
Гостите поверуваа во пресврт откако Шешко го потигна својот гол за Јунајтед и намали на 2:1 пред полувремето. Шансата за комплетен пресврт Манчестер ја промаши во 76. минута октако оправдано досудениот пенал го промашу Бруно Фернандеш.
Конечниот резултат го постави Јенсен во осмата минута од судиското продолжение.