Денеска продолжува осмата етапа од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, а на програмата се мечевите помеѓу Тиквеш и Македонија ЃП, односно Арсими и Шкупи.
Во Кавадарци, тимот на Тиквеш со голот на Садик во деветтата минута од мечот, дојде до водство против МЃП. Следуваше шансата на гостите, во која домашниот стопер Рамадани во обид да одстрани опасност ја погоди гредата од сопствениот гол, за да домаќинот има ситуација и за двојно водство. Миловановиќ со асистенција, а Стојанов погодува во дирекот од голот на Јанков.
Арсими пак поведе на домашен терен против Шкупи со 2:1.