Манчестер Јунајтед денеска претрпе нов пораз во Премиер лигата. На гостувањето кај Брентфорд, „црвените ѓаволи“ загубија со 3:1. Менаџерот на гостите, Рубен Аморим, на прес-конференцијата по средбата истакна:
„Секако, сакаме да победиме, но не ја контролиравме играта. Игравме фудбал, но сите клучни моменти беа против нас. Тешко е повторно да се изгуби, но треба да размислуваме за следниот натпревар. Брентфорд првиот гол го даде по долг пас. Работевме на тоа оваа недела, како и на прекините. Знаевме дека ќе има долги додавања. Моравме подобро. Не ја игравме нашата игра. Треба да ја играме нашата игра, а не играта на нашите противници, но тие беа посилни во тој поглед“, рече тренерот на Манчестер Јунајтед.