Поранешниот кошаркар на белградски Партизан, Џамар Вилсон, смета дека „црно-белите“ направија вистински потег со доведувањето на младиот Финец, Муринен.
„Тој може да му помогне на Партизан на многу начини. Неговата страст и енергија се заразни, а играњето во таква атмосфера само ќе го исвлече уште повеќе. За играч кој веќе се натпреварува со срце, во моментов нема подобро место. Тој не се плаши од важни моменти и нема да се повлече пред никого. Бестрашен е и желен да се докаже и да се бори. Мислам дека е доволно созреан. Доаѓа од силна средина на луѓе на кои им е грижа за него. Само дозволете му да биде свој и ќе уживате“, порачал Вилсон.
Муринен е вистинската „бомба“ во Евролигата пред стартот на новата сезона.