Јокиќ ги избегнуваше медиумите на Евробаскет, но сега нема каде: Го чека прашање тешко 80.000.000 долари!

318

Познато е дека Никола Јокиќ не сака да дава изјави за медиуми и секогаш кога нема обврска, успешно ги избегнува новинарите, што го докажа и на Евробаскетот. Сепак, дојде денот кога ќе мора да застане пред камерите, бидејќи Денвер Нагетс денеска закажаа ден за медиуми.

Јокиќ, сакал или не, ќе биде во обврска да се „дружи“ со новинарите, а таму го чекаат бројни прашања. Најважното дефинитивно е она од 80.000.000 долари и продолжувањето на договорот со Нагетс. „Денвер Пост“ објави текст со најава за медиумскиот ден на Нагетс и откри кои прашања ќе бидат поставени.

Никола Јокиќ не сакаше да ја прифати понудата на Денвер Нагетс вредна 207 милиони долари и одби да го продолжи договорот, одлучувајќи да почека до летото 2026 година за да ги продолжи разговорите. Тогаш Денвер ќе може да му понуди дополнителна година во договорот, вредна уште 80.000.000 долари, па јасно е дека Јокиќ токму поради тоа ги стави Нагетс „на пауза“.

Постојат и шпекулации дека Јокиќ може да си замине од Денвер на крајот на сезоната. Како што велат Американците, „ајкулите веќе кружат околу Никола“, но многумина се убедени дека од тоа нема ништо и дека српската ѕвезда ќе остане во тимот на Нагетс најмалку до својата 36-та година.

Претходно„Скок“ од девет места на Лина Ѓорческа на ВТА-листата
СледноЈамал изведе потег и ги „полуде“ навивачите (ВИДЕО)