Претседателот на Ла Лига ги прозва Сити и ПСЖ: Тоа не е нормално, ниту фер – тоа е измама!

106

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ги нападна најголемите клубови во европскиот фудбал, обвинувајќи ги за неодржливи деловни практики и манипулирање со правилата. Овој пат, неговиот фокус беше на Манчестер Сити и ПСЖ, за кои тврди дека со години работат со огромни загуби, а истовремено ги заобиколуваат правилата за финансиски фер-плеј.

„Тоа не е модел, тоа е измама. Манчестер Сити работи со загуба со години откако дојдоа новите сопственици. Тоа не е нормално, не е фер. ПСЖ е уште поекстремен случај – тие губат 200 милиони евра седум години по ред. Како можеме да се натпреваруваме со клубови на тој начин?“, рече Тебас.

Тој истакнува дека рамнотежата на европскиот фудбал е загрозена.

„Можете да губите пари една или две сезони, но не десет. Тоа не е модел, тоа е измама. Самата Премиер-лига е веќе загрижена за своето високо ниво на долг, бидејќи постојано работат со загуба“, додаде.

И покрај неодамнешните успеси на Манчестер Сити и ПСЖ во Лигата на шампионите, како и во домашните натпреварувања, Тебас нè потсетува дека шпанскиот фудбал сè уште има значителна историска предност.

„Можеби сме под притисок оваа сезона, но сè уште имаме 30 европски титули повеќе од Премиер-лигата. На крајот, резултатите покажуваат дека нашиот систем, колку и да е строг, носи стабилност“, заклучи тој.

ПретходноСтојанче Стојанов ќе го суди дербито помеѓу Вардар и Струга Трим Лум
СледноПораз што не боли за Шкендија (ВИДЕО)