Актуелниот македонски шампион, тимот на Шкендија, и нашиот претставник во групната фаза од Лигата на Конференции за тековната сезона вечерва го имаше своето деби во ова напреварување.
За жал неуспешно. Шкендија загуби на гостувањето ја шпанскиот тим Рајо Ваљекано со конечни 2:0, и не успеа да направи сензација како што јавноста потајно се надеваше.
Сепак, на овој меч, домаќинот, тимот на Рајо Ваљекано на дело го покажа она што сите апсолутно го знаевме. Дека се работи за разлика во класи и дека едноставно членот на Примера во моментов е „друга планета“ за нашиот шампион.
Со преку дваесет удари кон голот, од кои поливина беа во оквирот, домаќинот уште од првата минута на мечот покажа дека нема намера премногу да комплицира туку со брзо водство да ги реши сите дилеми.
Шкендија издржа до 28. минута кога акцијата од лево и асистенцијата на Пача, ја валоризираше Унаи Лопез.
Само пет минути подоцна на сличен начин, Гарсиа им избега на дефанзивците на Шкендија, ја заврте топката на петерец, а таму осамен Перез реализираше за двојно водство.
Во вториот дел, домаќинот ја имаше тотално контролата на ситуацијата, не дозволи ниту во еден момент Шкендија ниту да се обиде да стори нешто, а о друга страна пак, не реализираше ниту една од создадените шанси.
Следен дуел на нашиот шампион во ова натпреварување е оној против тимот на Шелбурн од Ирска на 23 октомври на домашен терен.