Готово е: Родриго му кажал на Чаби Алонсо дека си оди!

91
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Во текот на летниот преоден рок имаше многу шпекулации околу Родриго, Бразилецот во дресот на Реал Мадрид. Се говореше дека за него најзаинтересиран е Тотенхем, но наводно мега – ѕвездата на “кралевите“ ја одбил оваа понуда сметајќи дека овој тим од Лондон не е на негово рамниште.

Исто така се шпекулираше и со тоа дека Флорентино Перез за него барал 100 милиони евра, а силно заинтересирани биле Манчестер Сити и Ливерпул.

Но ништо од тоа, Родриго одлучи да остане на “Сантијаго Бернабеу“ и се чини дека погреши. Имено Чаби Алонсо не му ја дава посакувана минутажа.

Токму затоа, барем според медоиумите во Шпанија, кои ги знаат приликите во најголемиот клуб во светот, пренесуваат дека Родриго и
Чаби Алонсо деновиве имале состанок на кој Бразилецот му посочил на својот стратег дека е готово и дека тој ако не оваа зима, тогаш на лето секако дека ќе си замине од Реал Мадрид.

Му кажал и тоа дека има намера да се пресели во Манчестер Сити.

ПретходноВМФЛ: Лидерот на тешко гостување во Охрид, в недела Беласица под рефлектори ја пречекува Шкендија (А)
СледноРичков: Работнички е во резултатска криза, ги знаеме нивните слабости и доблести