Попладнево се одиграа седум меча од 7.коло во ВМФЛ. Екипата на Скопје, на свој терен на Автокоманда, успеа со 4:1 да слави убедлива победа против Вардар Неготино. “Пиратите“ во текот на целиот меч беа подобри и на крајот заслужено победија, сега се на третото место на табелата.
Брегалница не успеа да победи на гости кај Охрид. Во една тврда средба, немаше голови па така на крајот и двете екипи мораа да се задоволат само со по бод.
Супер изненадување на мечот меѓу Г. Коњари и Кожуф, славеа домашните со 1:0, ова е нивна прва победа сезонава и освоени се првите бодови.
Слога Виница на свој терен беше поразена од Осогово со 0:1,додека Детонит очекува ја победи Победа со 3:1 и освои три нови бода.
И тоа како беше интересно во Македонска Каменица каде Саса до 90+6.минута имаше водство од 3:2. Сепак во последниот напад, буквално во последната секунда “штофарите“ израмнија на 3:3 со што освоија голем бод.
Новаци немаше проблеми на гостувањето кај Преспа и успеа да дојде до убедлива победа од 0:3.
Утре од 18:30 часот во Струмица под светлоста на рефлекторите, играат Беласица и Шкендија Арачиново.
РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО
Детонит – Победа 3:1
Скопје – Вардар (Н) 4:1
Г.Коњари – Кожуф 1:0
Саса – Тетекс 3:3
Охрид – Брегалница 0:0
Преспа – Новаци 0:3
Слога (В) – Осогово
УТРЕ, 18:30 Ч
Беласица – Шкендија (А)
ТАБЕЛА
Брегалница 17, Беласица 16, Скопје 14, Шкендија Арачиново 14, Детонит 13, Новаци 13, Кожуф 12, Охрид 12…