На Депај му го украле пасошот во Бразил! Ќе игра ли за Холандија?

23
ФОТО: Sport Club Corinthians Paulista/FB

Крајно непријатна ситуација за најдобриот стрелец на репрезентацијата на Холандија, Мемфис Депак во Бразил каде игра за тимот на Коринтијас. Имено му го украле пасошот па така тој ќе доцни со доаѓањето во кампот на репрезентацијата на Холандија.

Оваа вест има потврда од страна на ФС на Холандија, од каде се вели дека тие прават се што можат да се обезбедат нови патни исправи за својот репрезентативец.

Сепак прашање е дали тој ќе успее да дојде ако се знае дека на 9 октомври Холандија игра со Малта на гости во меч од квалификациите за СП 2026, а три дена подоцна со Финска дома.

ПретходноНекогашниот селектор на Полска е новиот предводник на Казахстан!
СледноМилан ваков старт немал речиси две децении