Легендарниот Тони Крос, некогашен фудбалер на Баерн Минхен, Реал Мадрид и селекцијата на Германија во својата кариера освои се што можеше да се освои.
Сега кога е во играчка пензија нешто повеќе од една година, во својот поткаст деновиве детално ја анализираше играта на Барселона предводена од неговиот сонародник Ханси Флик.
Тој смета дека Барса под водство на Флик е забавна за гледање…
“Барселона игра атрактивно, тој тим е еден од најатрактивните ако не и најатрактивен во светот на фудбалот. Од друга страна сметам дека таквиот стил е доста ризичен. Сметам дека кога Јамал, Педри, Рафиња… ќе имаат лош ден било која екипа може да ги победи“.
Според Крос токму таквиот стил би можел да им направи проблем повторно во Лигата на Шампионите:
„Така беше во минатата сезона, а тоа истото може да им се случи и оваа сезона, без разлика дали станува збор за осминафинале, четвртфинале или полуфинале во ЛШ. Во еден момент ќе наидат на тим кој знае како треба против тимот на Флик и може да ги елиминира“ заклучи Крос.