Реал Мадрид во последните денови од преодниот рок го доведе Едуардо Камавинга. Станува збор за чудо од дете, 18-годишникот како најмлад фудбалер во историјата играше за Рен, а настапи и за француската репрезентација.
„Кралскиот“ тим за него исплати 31 милиони евра, Фабрицио Романо откри дека Реал го одбрал пред Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Камавинга покажа дека е посебно поврзан со Рен, па по доаѓањето во Реал одлучи да направен потег за воодушевување.
На секој вработен во Рен ќе му испрати дрес од новиот тим. Вкупно ќе подели околу 166 дресови, што е за пофалба.
Stade #Rennais : belle surprise de @Camavinga qui, après son transfert officialisé cette semaine, va offrir un maillot du Real Madrid à tous les salariés de son club formateur, l’équivalent de 166 maillots @leparisiensport
— Benjamin Quarez (@B_Quarez) September 3, 2021