Македонија со победа во Гент ќе биде на чекор до директен пласман на СП 2026!

288

Во петок во Гент, со почеток од 20:45 часот нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе и гостува на силната Белгија во квалификациски меч за СП 2026. Ова за нас ќе биде еден од најважните мечеви во нашата фудбалска историја.

Имено познато е дека на 4 кола до крајот Македонија е лидер на табелата во групата со 11 бодови пред Белгија и Велс кои имаа по 10 бода, ама Белгија има и меч помалку.

Познато е исто така дека само првиот во групата обезбедува директен пласман на Мундијалот кој ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико.

И кога веќе сме лидери јасно е дека апетите пораснаа.

Па така калкулациите велат дека ако во петок Македонија успее да ја победи Белгија и тоа во Гент, тогаш ќе биде на чекор до пласман на СП 2026. Ќе има +4 во однос на Белгија, но и меч повеќе, а веќе во понеделник играат меѓусебе Велс и Белгија.

Дури сега се гледа што значеа оние два бода со Велс дома кога примивме гол со кој гостите израмнија на 1:1 во 90+6.минута.

Еве го распоредот на сите мечеви до крајот на сите три селекции:

Белгија – Македонија

Велс – Белгија

Македонија – Казахстан

Казахстан – Белгија

Лихтенштајн – Велс

Велс – Македонија

Белгија – Лихтенштајн

ТАБЕЛА

1.Македонија 11

2.Белгија 10

3.Велс 10

ПретходноЕХФ прашува: Дали Кузмановски е најдобриот „бомбардер“ во Лигата на шампиони?
СледноТухел проговори за отсуството на Белингам, Фоден и Грилиш