Чешка и Хрватска одиграа без голови, епска бламажа на Црна Гора, што ли испуштија Босанците!

452
ФОТО: Hrvatski nogometni savez/FB

Вечерва се одиграа уште седум средби од квалификациите за пласман на СП 2026. Во дербито на денот, по многу борба, како и шанси на двете страни, Чешка и Хрватска одиграа без победник, без голови. Се разбира дека со овој бод гостите се далеку позадоволни.

Ф.Острови – Црна Гора 4:0 е таа епска бламажа на гостите. Но и не е изненадување ако се знае како игра оваа репрезентација во последно време.

Уф, што ли испушти селекцијата на БиХ на Кипар. Имаа водство од 0:2, имаа победа до 90+6.минута и на крајот 2:2. Со ова реми Босанците сега се се подалеку од Мундијалот.

Затоа Австрија со 10:0 ја победи селекцијата на Сан Марино и ита кон Мундијалот. Марко Арнаутовиќ беше стрелец на четири голови.

На останатите мечеви Данска како гостин ја победи Белорусија со 0:6, Холандија исто како гостин славеше со 0:4 кај Малта, а Шкотска со 3:1 ја победи селекцијата на Грција.

ПретходноПартизан како да не може без драма, сепак го победи Ефес!
СледноМакедонија верува во себе!(ВИДЕО)