Напред Македонија: Знамето, химната и голот на Чоко со кој ја “смрзнавме“ Белгија! (ВИДЕО)

2098

Вечерва од 20:45 часот на “Планет Груп“ арената во Гент, Македонија и гостува на Белгија во меч од квалификациската група Ј за пласман на СП 2026. Факт е дека ова е важен, екстра важен, еден од најважните за Македонија во својата историја.

Кога сме кај историјата да кажеме дека досега со “ѓаволите“ сме одиграле вкупно пет меча и немаме победа, само две ремија и три порази.

Сепак во трајно сеќавање ќе остане она што се случуваше на 16.11.1994 во Брисел, на стадионот на Андерлехт каде од 22.000 гледачи, најмалку половината беа Македонци.

Може химната, не може знамето. УЕФА и ФИФА со свои правила пред 30 години, но сепак македонското срце беше храбро и знаеше да покаже како треба.

Македонија одигра 1:1, освоивме голем бод благодарение на голот на Зоран Бошковски – Чоко во таа 50.минута со кој ја “смрзнавме“ Белгија.

Тој гол е еден од најславните во нашата фудбалска историја.

Во јуни во Скопје оваа година исто беше 1:1, додека на останатите три меча порази со по 0:1, 0:2 и 0:5.

Уф, како добро ќе ни дојде победа вечерва во Гент.

ПретходноМакедонија верува во себе!(ВИДЕО)
СледноАрнаутовиќ влезе во историјата како најдобар стрелец во дресот на Австрија