Канаваро тргна со победа на клупата на Узбекистан

60
фото: Championat.asia (X)

Италијанскиот фудбалски стратег, Фабио Канаваро започна со победа на клупата на Узбекистан. Само неколку дена откако го презеде националниот тим на Узбекистан, Канаваро славеше во пријателски меч против Кувајт со 2:0.

52-годишниот Канаваро ја презеде функцијата на чело на репрезентацијата на Узбекистан на 6 октомври, заменувајќи го Тимур Кападзе, под чие водство тимот се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година.

Узбекистанците го доведоа Канаваро за да ги предводи на претстојниот Мундијал во 2026 година. Инаку, на 13 октомври, Узбекистан ќе одигра пријателски натпревар и против Уругвај.

ПретходноФит Фан Волеј по европското деби: Големо и убаво искуство!
СледноДе Брујне очекува пеколна атмосфера на стадионот во Гент