Македонската репрезентација до 21. година денеска од 17:00 часот на стадионто Петар Милошевски во Битола, ќе го одигра третиот квалификациски дуел од актуелната кампања. Противник е репрезентацијата на Ерменија, која што идентично како и ние во првите две кола не освои ниту еден бод.
Ние реално гледано, имавме два тешки предизвици на стартот. Гостување во Полска, каде што загубивме со 3:0, и ја пречекавме Италија во прекрасен амбиент токму во Битола, кога загубивме минимално со 0:1.
Сега, како што велат нашите млади репрезентативци време е за играчка и резултатска рехабилитација.
Најпрво мора да постигнеме гол, нешто што се покажува како проблем на стартот на оваа кампања, а потоа и да ги освоиме реално планираните бодови. Сето, тоа е лесно да се напише, но да се оствари на терен, секако дека е предизвик.










