Македонскиот национален тим во ладниот Исланд, на стадионот Лаугардалсвелур, го одржа последниот, официјален тренинг пред утрешната пресметка со Исланѓаните.
Ладно е во Рејкјавик, тоа покажуваат и овие фотографии, а селекторот Благоја Милевски дури мораше да стави и капа на главата, а повеќето играчи беа со долги ракави. Така топлото Скопје го заменија со ладниот Рејкјавик, но тоа ќе се заборави ако утре се освојат трите бода.
Тие се императив, и ќе бидат многу важни во битката за првите две места во квалификациите за Мундијалот во Катар.