Џабе „плачките“ дека Звезда е миленикот во Србија… владата изласа итни 2.5 милиони евра за Партизан

201

Владата на република Србија на денешната седница донесе итна одлука со која што на Фудбалскиот клуб Партизан треба да му се уплатат 2.5  милиони евра. Се работи за сума која што е обезбедена во асистенција со Фудбалскиот Сојус на Србија, а која што е наменете да се реши сериозниот проблем кој што Партизан го има во моментов.

На Партизан му се закануваше исфрлување од натпреварувањата на УЕФА поради долгови, и оваа сума мораше да се обезбеди за да клубот го мине септемврискиот „мониторинг“. Тој не дозволува никакви долгови спрема фудбалери и тренери, што во моментов не беше случај со Партизан.

Првиот човек на Партизан, Расим Љајиќ во специјално писмо до претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обрати за помош, а парите попладнево веќе биле префрлени на сметката на Партизан, преку ФСС.

 

 

 

 

ПретходноПоразот од Фарски му пресуди…. Чешка го отпушти Иван Хашек
СледноЈунајтед посилен за дербито против Ливерпул, Мазрауи се враќа во тимот