ТФТ со гостински триумф кај Раднички

39

Македонскиот преставник во АБА 2 лигата, тимот на ТФТ Скопје предмалку го обезбеди првиот триумф во оваа конкуренција кај тимот на Раднички Крагујевац со конечни 78:84.

Откако првите две четвртини ги доби домаќинот со 23:22, односно 21:15, третиот дел од овој меч беше пресуден.

Истиот ТФТ Скопје го доби со 16:31 во кој ја направи клучната разлика. Последната делница домаќинот ја доби со 18:16, во која ТФТ Скопје рутински ја одржуваше веќе стекнатата предност.

Најдобар поединец на овој меч беше кошаркарот на ТФТ Скопје, Дејвис Стенли со 24 поени и четири скока, а до него веднаш неговиот соиграч Дарин Говенс со 20 поени.

 

ПретходноМареска на „ладење“ еден натпревар
СледноБутел на искуство ја доби Струга