Ѓоковиќ преку Нишикори до осминафинале на УС Опен

272

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ граби кон нова титула на УС Опен. Чекор по чекор српскиот ас ги искачува скалилата кои водат до трофејот, а вечерва го совлада најдобриот јапонски тенисер Кеи Нишикори со 3:1 во сетови и со тоа се пласира во осминафиналето.

Ноле го загуби првиот сет во тајбрејкот, меѓутоа во вториот го пронајде ритамот и го надигра противникот со што го изедначи резултатот 1:1 (6:3 во сетот). И во третиот сет Новак беше надмоќен и за 55 минути го доби со 6:3. Нишикори падна во играта, а Ѓоковиќ како искусен „волк“ го зададе последниот удар и го победи противникот (6:2 во четвртиот сет за нешто повеќе од 40 минути игра).

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра со поробриот од дуелот Аслан Карацев и Џенсон Броксби.

ПретходноЛукаку: Му благодарам на Интер, ме извлече од г*мна
СледноЛазаров и Нант не застануваат, го освоија и турнирот во Лимож