Ханси Флик би можел да добие драстична казна!

116
фото: Barcelona (X)

Иако „Ел Класико“ се игра следниот викенд, се чини дека “војната“ меѓу Мадрид и Каталонија,започна уште вчера и тоа по мечот меѓу Барселона и Џирона, кој го доби каталонскиот гигант со 2:1 и тоа со голот на Араухо во 90+3.минута.

И се по вина на Ханси Флик, на Германецот кој непосредно пред победничкиот гол на Араухо доби исклучувачки картон.

Сега е јасно дека Германецот нема да седи на клупата на Барса на “Сантијаго Бернабеу“, ама тој се соочува со драстична казна и тоа суспензија од 4 до 8 меча.

И тоа поради срамниот и непримерниот гест по голот на Араухо, но и поради фактот дека Флик по црвениот картон останал на теренот, пред тунелот кон соблекувалната.

Ваква казна бараат медиумите од Мадрид, додека оние од Каталонија премногу не го споменуваат тој гест, туку се занимаваат со судијата Манзано за тоа колку црвени картони во својата кариера и доделил на Барселона.

Затоа велиме дека “војната“ почна и тоа од страна на медиумите.

Кога сме кај исклучувањето на Флик, од Барса најавуваат дека ќе се жалат и се надеваат дека Германецот сепак ќе го води тимот на “Бернабеу“, иако шансите за такво нешто се минимални.

ПретходноМакс до пол-позиција во Остин!
СледноФеноменот Меси еруптираше со хет-трик и асистенција (ВИДЕО)