Валенсија со бод кај Алавес, Столе повторно остана на клупата!

18
ФОТО: Valencia C.F/FB

Алавес – Валенсија 0:0 е исходот од вечерашниот последен дуел од 9.коло во Ла Лига. И веднаш за нашиот голман Столе Димитриевски. Ништо ново, Македонецот повторно остана на клупата на Валенсија. До кога вака ќе биде тоа само тренерот на тимот од “Местаља“ го знае.

Меч без голови, меч по кој Валенсија со 9 бода е на 14.место на табелата, а Алавес дојде до 12 бод со кои сега е на 10.место.

Натпревар во кој и двата тима не заслужија победа, па така по бод за Алавес и за Валенсија е најреалниот исход.

ПретходноОткако доби отказ во Спартак Москва: Дали Станковиќ е наследникот на Пикси?!
СледноБрентфорд славеше на гости кај “Чеканите“!