Шкендија – Шелбурн 1:0 е исходот од вечерашниот меч од 2.коло во Лигата на Конфереции кој се одигра на Арената во Скопје.
Стрелец на победничкиот гол беше Берет кој во 90+2.минута си постигна автогол за еуфорија на Арената.
Ова е историска победа за Шкендија, прва во лигашка фаза и за македонски клуб.
Добра Шкендија, паметна Шкендија. Така се игра во Европа.
Иако се очекуваше дека Шкендија ќе нападне уште на стартот од мечот, сепак ништо од тоа. Тетовци започнаа многу резервирано, па во тие први воведни минути поседот беше во нозете на гостите. Се играше премногу резервирано имаше премногу тактика. Во овој дел речиси и да не видовме ниту една шанса за гол. Тука не ги сметаме заканите од далечина на Тамба и Зејнулаи, можеби Љатифи можеше да направи нешто повеќе во 34.минута, но направи фаул врз гостинскиот голман.
Во овој дел од мечот Ирците се покажаа како цврст противник, кој ретко и даваше на Шкендија да дојде до нејзината препознатлива игра. Па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.
ШКЕНДИЈА ВО ОФАНЗИВА
На полувреме тренерот на тетовци направи две измени, во игра ги внесе Решат Рамадани и Спахиу, а во соблекувалната останаа Зејнулаи и Љатифи.
Факт е дека Шкендија тргна далеку поофанзивно, а првата шанса ја имаше токму Спахиу, кој од 25 метри шутираше за малку непрецизно. Пет минути подоцна Красничи од слободен удар од 25 метри опасно се закани, но гостинскиот голман умешно реагираше. И Шелбурн имаше своја прилика за гол, но Вуд шутираше над голот на Гаје.
Во таа 71.минута Тамба имаше убав можност да ги израдува фановите на Арената, но сепак шутираше над голот.
Штета.
И тогаш во 90+2.минута, Вебстер шутира а Берет си ја смести топката во својата мрежа за 1:0 за Шкендија.
Лига Конференции – 2.коло
ШКЕНДИЈА – ШЕЛБУРН 1:0
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Стефан Ебнер (Австрија). Стрелци:Берет (авт) 90+2.
ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Вебстер, Фетаи, Цаке, Алхасан (70. Ќака), Зејнулаи (46. Р. Рамадани), Љатифи (46.Спахиу), Красничи (88. Адеми), Тамба (77. Крстевски), Ибраими.
ШЕЛБУРН: Спел, Мбенг, Берет, Ледвиџ, Норис (74.Кели), Луни, Којл, Мекинрој (82. Готи), Хенри – Френсис (82. Кефри), Вуд (60.Мартин), Одубеко (60.Бојд).















