Алекс Маркез најбрз во Сепанаг!

18

Шпанскиот мотоциклист Алекс Маркез ја освои Големата награда на Малезија на патеката Сепанг.

Возачот на Гресини возеше фантастично и, во отсуство на повредениот светски шампион Марк, се погрижи семејството Маркез да продолжи со својата доминација во „кралската“ класа на шампионатот Мото ГП.

Алекс го презеде водството од возачот на Дукати, Франческо Бањаја, во вториот круг и не го отстапи до крајот на трката, додека Италијанецот се повлече на целта и остана без место.

Друг Шпанец, Педро Акоста, ја заврши трката на второто место со КТМ, а подиумот полн со мотоциклисти од оваа земја го заокружи возачот на Хонда, Жоан Мир.

Марк Маркез ја обезбеди својата седма титула светски шампион во најсилната класа уште порано, Алекс ќе ја заврши сезоната на второто место, додека Франческо Бањаја моментално е трет.

Остануваат уште две трки до крајот на сезоната. Првата ќе биде во Есторил, Португалија, додека „финалето“ традиционално е во Валенсија.

ПретходноСлот: Ова беше најлошото издание во последните четири меча
СледноБаерн не го издржа притисокот од навивачите, Боатенг си замина!