Лазаров:„Со Манасков ќе бевме поквалитетни, но тој го одби повикот“!

88

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска прозиваше за ЕХФ-неделата во која нашиот национален тим ќе одигра два пријателски натпревари како дел од подготовките за Европското првенство 2026 година.

Противник ќе биде Јапонија, двата меча ќе се играат во Куманово, со тоа што на први ноември ќе биде отворен за јавноста.

За овој собир, Лазаров го повика Дејан Манасков, кој пак одби да им се приклучи на „црвено-жолтите“ поради недобрите односи со селекторот. Предводникот на нашата репрезентација го искоментира овој момент.

Дејан игра во одлична форма во последно време, затоа и го повикав,го одби повикот и тоа е тоа. Немам друго што да кажам. Моја обврска е да ги повикам тие што играат во добра форма, јас го повикав и со тоа мислев дека ќе бидеме поквалитетни. Тој е врвна класа, европска и светска класа, но тоа е тоа. Одиме напред“!изјави Лазаров.

ПретходноУжасна вест за Конте: Де Брујне во аут најмалку четири месеци!
СледноБез Митревски против Јапонија, дополнителен повик за Кизиќ!