Бразилецот ја претера: Реал Мадрид ќе го казни Винисиус!

193
ФОТО: Real Madrid FC/FB

И дефинитивно Винисиус ја претера. Она што го направи Бразилецот откако бееше заменет од страна на Чаби Алонсо на дербито со Барселона, ги разгневи сите во клубот а посебно фановите на Реал Мадрид.

Имено тој збесна кога го виде Чаби Алонсо како го вади од игра. Се исплаши поради промената, одби да се ракува со тренерот и отиде директно во соблекувалната. Таквото однесување не го толерира никој, дури ни една од најголемите ѕвезди во тимот.
„Реал размислува за дисциплинска санкција за Винисиус поради реакцијата на промената. Челниците на клубот се лути на него и ова може да има влијание врз неговата иднина во клубот. Преговорите во врска со нов договор со него се во тек и клубот нема намера да ги прекрши своите правила во врска со структурите на платите“, пишува во текстот на „Мундо Депортиво“.

Не е прв пат бразилскиот фудбалер да создава хаос со своето однесување. Често ги провоцира противничките играчи, многумина имаат проблеми со него. Алонсо веднаш по дербито објави дека ќе разговара со него.

ПретходноФановите на Наполи во шок: Спалети на клупата на Јуве?! Што ќе биде со тетоважата?
СледноРеакција на ФК Аеродром: Го осудуваме насилството во Слупчане и бараме целосна одговорност!