Атлетико се враќа триумфално од Андалузија

33
фото: Atletico de Madrid (X)

За само едно полувреме, Атлетико (М) ја оствари петтата победа сезонава во Ла Лига и остана во ТОП 4 на табелата.

Вечерва на тешкото гостување во Андалузија, тимот на „јорганџиите“ славеше со 2:0, благодарение на головите на Симеоне во 3. и на Баена во 46. минута од првиот дел.

Ова беше првата гостинска победа за Атлетико (М) со што момците на Чоло Симеоне сега се на само три бода заостанување од второпласираната Барселона.

ПретходноЈамал за 11 милиони евра сака да ја купи куќата на Пике и Шакира
СледноОткако излезе од затвор: Дани Алвес стана проповедник! (ВИДЕО)