Родри се враќа на теренот

25
фото: Manchester City (X)

Родри се мачи да се врати на теренот по сериозната повреда на коленото и неодамна мораше да направи уште една пауза.

Шпанскиот фудбалер почувствува болка во истото колено на кое беше опериран и побара пауза за да види што му се случува.

Сепак, сега има добри вести. Родри се врати на теренот и повторно почна да тренира со тимот.

Ќе видиме кога Пеп Гвардиола ќе му даде шанса на претстојните натпревари.

Шпанецот одигра седум натпревари оваа сезона.

ПретходноМладинците на тест со Словачка
СледноПознати арбитрите за 11. коло од ПМФЛ шампионатот