Јувентус се договори со Спалети, познати се деталите

103

Јувентус брзо дејствуваше за да ја пополни празнината што ја остави Игор Тудор и постигна усмен договор со Лучано Спалети.

Според италијанските медиуми, искусниот тренер ќе го преземе кормилото на тимот, враќајќи се на клупата откако ја напушти италијанската репрезентација.

Договорот предвидува соработка до јуни 2026 година, со опција за продолжување за уште една година. Активирањето на опцијата зависи од тоа дали Јувентус ќе обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Според последните информации, Спалети ја доби „трката“ за наследник, оставајќи ги зад себе другите кандидати како Роберто Манчини и Рафаеле Паладино.

ПретходноЖелезна одбрана на Вориорс против Клиперси (ВИДЕО)
СледноНовак Ѓоковиќ исвиркан во Евролигата: Знаеше што го чека кога влезе во салата (ВИДЕО)