И дефинитивно ТФТ е во одлична форма. Вечерва во меч од 5.коло во елитната кошаркарска лига на Македонија, тимот од Тафталиџе како гостин успеа да дојде до победа над Феникс 2010 и тоа со 58:80.
Ова значи дека ТФТ и натаму е максимален, ова е петта победа во петтиот меч за овој тим.
Домашните кошаркари во првиот период пружи силен отпор против фаворитот, па така првата четвртина заврши со резултатски егал 23:23. Веќе во втората четвртина, ТФТ дојде до разлика од +13 поени и тука го реши натпреварот.
Во продолжение од средбата кошаркарите на Феникс 2010 се обидоа да ја намалат разликата, во таа трета четвртина одбраните беа на ниво, или нападот затаи и кај двете екипи ако се знае дека заврши со неверојатни 9:9.
Сепак во последната четвртина ТФТ уште еднаш покажа како треба и на крајот не само што го доби овој период убедливо, туку убедливо го доби и самиот натпревар.
Златевски со 19 поени беше најефикасен кај домашниот состав, додека пак кај победничкиот тим Стојановски запиша 14 поени, додека Гордон заврши со12.










