Нов европски меч во Битола. Кошаркарскиот клуб Пелистер победнички дебитираше на домашен терен во ФИБА Европа купот, а веќе в среда пред „зелено-белите“ е нов предизвик пред битолската публика, овојпат против хрватскиот ривал Цедевита јуниор.
Билетите за овој натпревар се пуштени во продажба во „ЗИКС“ и можат да се купат по цена од 200 денари. На денот на натпреварот билети ќе можат дасекупат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.
Ова е исклучително важен меч, на кој победа ќе значи и задржување на шансите за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот. Противникот е квалитетен, а на битолските кошаркари ќе им биде неопходна поддршка од трибините во борбата за овој значаен триумф.
Добрите резултати од домашното првенство треба да се пренесат и на европската сцена, тоа се може само со поддршка од фановите.
Натпреварот меѓу Пелистер и Цедевита јуниор се игра в среда со почеток во 20 часот.










