Еден од најдобрите играчи на сите времиња Кристијано Роналдо, од својата мајка Долорес побарал да не ги гледа натпреварите во кои настапува тој, пишува „Дејли Мејл“.
Сето ова доаѓа откако неговата мајка тешко ги поднесува натпреварите на својот ин, особено кога резултатот не оди во прилог. Од тука португалскиот фудбалер се решил да превземе мерки.
Сите се во исчекување на „кам-бекот“ на Роналдо во тимот на Манчестер Јунајтед, и тоа би требало да се случи следната сабота против Њукасл.