Десет ракометари на Пролет завршија во самоизолација по враќањето од Шпанија

204

Т.Пролет со победа се прости од европскиот предизвик, откако на втората средба против Гранољерс славеше минимално. Веднаш по пристигнувањето во Скопје, овој тим се соочи со непријатна ситуација, десет ракометари завршија во самоизолација поради новите мерки на Владата во време на пандемија на коронавирус.

Од таборот на Пролет излегоа со објаснување за целата ситуација.

„Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста за несаканата случка пред и по враќањето назад од 
Шпанија во Македонија.

Имено, клубот имаше уредно закажано ПЦР тестови во Шпанија неколку часа пред вториот натпревар што беше одигран против екипата на Гранолјерс во саботата во 17.30 часот, за резултатите да бидат добиени до крајот на денот, се со цел со комплетна здравствена документација согласно домашните протоколи да допатуваме назад во Скопје. Тестовите на наше општо изненадување беа откажани во последен миг, не оставајќи воопшто време за „План Б“, бидејќи летот од Барселона за Скопје налагаше на аеродромот да пристигнеме пред 7 часот наутро наредниот ден, а натпреварот со Гранолјерс заврши околу 19 часот.

Во една таква ситуација, сите ракометари на Тинекс Пролет кои не беа вакцинирани, поради немање на ПЦР тест при враќањето во Скопје согласно протоколите на Владата добија решенија за самоизолација. Станува збор за десет играчи кои во наредните денови ќе бидат надвор од тренажен процес.

Сакаме да информираме дека во текот на денешниот ден, овие десет ракометари беа соодветно тестирани и сите добија негативни резултати на ПЦР-тестирањето. По овие негативни тестови, периодот на самоизолација се намалува на пет дена со повторно тестирање што ќе биде извршено петтиот ден. Со тоа, ќе се забрза и нашето враќање на терените за што побрзо почнување со натпревари во Супер-лигата на Македонија“, се вели во соопштението на клубот. 

ПретходноРоналдо и забранил на својата мајка да го гледа на натпревари
СледноСелекторот на Исланд: На полувремето им се дерев на играчите, брзо излегов од соблекувалната!