Селекторот на Исланд: На полувремето им се дерев на играчите, брзо излегов од соблекувалната!

237

Исландскиот селектор Арнар Видарсон воопшто не бил задоволен од играта на своите избраници на дуелот со Македонија, па призна дека им се дерел на играчите на полувремето, и дека соблекувалната ја напуштил само по три минути.

„Не се сеќавам што им кажав на момците, кажав сешто. Им викав, им се дерев до толку што го изгубив гласот. Три минути траеше мојот говор и излегов, потоа мојот помошник ја превзеде работата. Никогаш не сум бил толку лут, едноставно ги загубив нервите“, рече Видарсон.

Тој истакна дека е задоволен од резултатот, и истакна дека не верувал дека неговите момци ќе стигнат до 2:2.

„Не верував дека можевме да го стигнеме резултатот, и колку чудно да звучи тоа. Ќе ги заборавиме тие 65-70 минути. Овој резултат не остава во игра“, рече Видарсон.

Фото: Fótbolti.net – Hafliði Breiðfjörð

ПретходноДесет ракометари на Пролет завршија во самоизолација по враќањето од Шпанија
СледноФИФА се огласи за прекинатиот меч Бразил – Аргентина