Познат распоредот за Евроволеј 2026: Македонија против Бугарија во Софија го отвора Европското!

60

Неколку недели по ждрепката одржана во Бари, и помалку од 48 часа пред влезот во продажба на билетите за првенството следната година, денеска Европската одбојкарска конфедерација го објави комплетниот распоред на натпреварите на Европското првенство во машка конкуренција кое ќе се одржи од 9 до 26 септември 2026 година.

Македонската одбојкарска репрезентација по историски четвртипат ќе биде дел од завршницата на континенталниот собир и оваа генерација ќе добие уште една шанса да се претстави на највисоко ниво. Македонија се најде во групата „Б“ во Бугарија, која место во Варна, сепак, ќе се одржи во бугарската престолнина Софија.

Според целосниот распоред за групната фаза објавен денеска од ЦЕВ, нашите одбојкари натпреварите на европскиот шампионат ги почнуваат против селекцијата на Бугарија на 9 септември од 18 часот, што практично ќе биде и натпревар со кој ќе биде отворено европското првенство.

Потоа ќе имаме ден одмор, за на 11 септември од 15 часот да се сретнеме со селекцијата на Украина. Третиот меч во групата ќе го одиграме на 13 септември против Полска (18 ч.), па потоа на 15 септември следува дуел и со селекцијата на Португалија (15 ч.). Последниот натпревар Македонија ќе го има ден подоцна на 16 септември против селекцијата на Израел (15 ч.). Од резултатите ќе зависи евентуалниот пласман во осминафиналето.

ПретходноВардар е „комплетен“, пристигнаа Комити (ФОТО)
СледноВардар по голема драма го доби дербито во Битола (ФОТО+ВИДЕО)