Ако нешто се знае поврзано со селекцијата на Франција, која ќе биде една од главнте аспиранти за титулата на СП 2026, тогаш тоа е дека сегашниот селектор Дидие Дешамп, по завршување на Мундијалот нема беќе да биде селектор на “Триколорите“.
Тој тоа го објави јавно уште пред неколку месеци, а на прашањето каде ќе ја продолжи кариерата, но сега како тренер, Дешамп одговори:
“Засега е рано да кажам, иако морам да признам дека имаше контакти од еден клуб од Саудиска Арабија. Не можам да кажам дека сигурно ќе одам таму, ама штом завршат моите обврски кон репрезентацијата на Франција, јас сум слободен и можа, да одам каде што сакам. Затоа ништо не исклучувам што ќе се случи со мене од јули па натака“.
За тоа дали би прифатил понуда да води некоја друга репрезентација:
“Искрено, не. Јасно е дека никогаш не треба да кажеш никогаш, ама не можам да се замислам како водам селекција, најмногу поради фактот што за мене претставува француската селекција и секако “Марсељезата“, химната на мојата земја“ потенцираше Дешамп.










