Откако отсуствуваше од тимот поради повреда, нашиот најдобар кошаркат Ненад Димитријевиќ се врати во составот на Зенит на мечот против МБА Москва и одигра одлично. И тоа како му помогна на својот тим да дојде до убедлива победа во ВТБ лигата на свој терен со 83:69.
Македонскиот кошаркар во игра беше речиси 25 минути и забележа 18 поени. Имаше и две асистенции и два скока. На крајот се покажа дека токму Нено бил клучната фигура во победата на Зенит, посебно ако се знае дека македонскиот репрезентативец во второто полувреме забележа 16 поени.
Се врати Нено и Зенит им се врати на победите.










