КК Кожув посилен за Девон Вашингтон и Малијек Вајт

37

Македонскиот кошаркарски прволигаш од Гевгелија, тимот на Кожув денеска се пофали дека е посилен за уште двајца кошаркари од САД. Се работи за Девон Вашингтон и Малијек Вајт.

Дево Вашингтон е искусен американски центар висок 205см кој настапувал за грчкиот второлигаш Трикалон каде во просек бележел 16.7 поени, 8.1 скокови и 1.3 асистенции.

Малијек Вајт пак е засилување на позицијата плејмејкер и настапувал во босанскиот прволигаш КК Широки каде во просек бележел по 10 поени, 4.4 скокови и 7 асистенции.

 

ПретходноМалку фалеше за бод против Белгија, но добивме голман за во иднина
СледноМитрашиновиќ е прв асистент, а Хемпе трет стрелец во првиот квалификациски круг