Атланта дојде до победа на гостувањето кај Јута од 122:132, а Џејлен Џонсон влезе во историјата како единствен играч со бројки што не се оставруваат лесено. Тој имаше 31 поен, 18 скока, 14 асистенции и 7 украдени топки, во секоја од споменатите категории го урна својот личен рекорд во победата над Јута.
„Џез“ се меѓу послабите тимови на Западот, се во многу лоша форма, а дури 40 поени од Лаури Марканен не помогнаа, Бејли додаде 21, Нуркиќ 10 поени и 10 скока. Во Атланта, најефикасен беше Оконгву со 32 поени.
На останатите две средби, Торонто славеше против Кливленд на гости со 126-113, додека Феникс беше убедливо подобар од Индијана со 133-98.










